Вангеловски нов претседател на Врховен, Рибарев в.д. претседател на Кривичниот суд

13.03.2017 16:02

Јово Вангеловски е избран за претседател на Врховниот суд. Ова му е втор мандат, откако ја извршуваше оваа функција од 2008-та до 2012-та година. Стојанче Рибарев е назначен за в.д. претседател на скопскиот Кривичен суд. Епилог од седницата на Судскиот совет.

За прв човек во врховниот суд е избран Јово Вангеловски. Тој беше претседател пред четири години. По првиот мандат не се кандидираше за продолжување. Во последната трка, покрај Вангеловски беа и поранешната претседателка Лидија Неделкова, в.д. претседателката Снежана Бајлозова и судијката Беса Адеми.

На кормилото на скопскиот Кривичен суд пак, доаѓа Стојанче Рибарев. Судскиот совет го избра за в.д. претседател откако ја констатираше оставката на досегашната в.д. претседателка Татјана Михајлова. Рибарев доаѓа од Врховниот суд каде што беше избран како судија во септември минатата година, а претходно бил претседател на Основниот и Апелацискиот суд во Штип.

Според Законот, Рибарев функцијата в.д. претседател на Кривичниот суд- Скопје може да ја извршува една година.  

 

Наташа Гркова- Петрушевска