Социјалното претприемништво станува предизивик за младите

13.03.2017 16:47

Социјалното претприемништво станува сѐ поголем предизвик меѓу младите. Расте бројот на бизниси кои целиот профит не го задржуваат кај себе, туку дел наменуваат за социјални претпријатија каде што вработени се лица од маргинализираните групи. Отворен е повикот за награда за општествено влијание.

Развивање бизнис и иновации со ангажман на маргинализирани групи и реинвестирање на дел од профитот за конкретна општествена промена, станува сѐ поголем предизвик за младите. Иако сѐ уште ученичка во средно образование, Ивана Павловска одлучила да ги совлада вештините на социјалното преприемништво. Испровоцирана од желбата да помогне во решавање на општетсвените проблеми, ја искреирала својата бизнис идеја.

Паричната награда за социјално претпремништво и менторската помош- дополнителен стимул за сѐ поголем број социјални претприемачи. Конкурсот е во тек, четири најдобри бизнис идеи ќе добијат по две илјади евра за развој. Ќе соберат и искуства од бизнисмени од 18 европски земји. Лани имало 50-тина апликации, веќе има успешни примери и практики- вели националниот координатор на наградата.

Фондот за иновации очекува најдобрите бизнис идеи за социјално претприемништво да аплицираат за дополнителна финансиска подршка.

Социјалното претприемништво е релативно нов концепт на бизнис во Македонија, преку кој се остварува економска активност со социјална цел, за разлика од земјите од Европската унија, каде 7 до 10 проценти од вработените се ангажирани во социјални претпријатија.

 

Сузана Фиданска- Стоевска