ЕП го одложи гласањето за резолуцијата за Македонија
Иако неделава на пленарна седница во Стразбур требаше да се гласа за резолуцијата за македонската држава, европратениците одлучија да го одложат гласањето најмалку за идниот месец, поради продолжената политичка криза во земјата.

Европскиот парламент нема да гласа неделава за резолуцијата за Република Македонија во однос на прогрес-извештајот на Европската комисија за 2016 година.
Иако неделава на пленарна седница во Стразбур требаше да се гласа за резолуцијата за македонската држава, европратениците одлучија да го одложат гласањето најмалку за идниот месец, поради продолжената политичка криза во земјата.
Инаку, во претходно усвоената Резолуција во т.н. АФЕТ-група на Европарламентот, Македонија доби осма последователна препорака за отворање на преговорите за члеснтво во Европската унија, но условена со целосно исполнување на договорот од Пржино и на итните реформски приоритети на Европската комисија.
За да биде полноважечка, резолуцијата мора да биде изгласана и од страна на сите 751 пратеници во Европскиот парламент. Резолуцијата нема правно дејство, туку само советодавно им служи на ЕУ-институциите и на земјите- членки на Унијата.
