Годишно собрание на МАНУ
14.03.2017 08:08
Експозе на тема „Македонската академија на науките и уметностите во 2016 и 2017 година“ ќе поднесе академик Таки Фити, претседател на Академијата.

Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе го одржи своето 50-то Годишно собрание.
Експозе на тема „Македонската академија на науките и уметностите во 2016 и 2017 година“ ќе поднесе академик Таки Фити, претседател на Академијата.
На Собранието ќе бидат усвоени Извештајот за работата на МАНУ во 2016 година и Програмата за работа на МАНУ во 2017 година.
