Нелегалниот лов на дивечот драстично намален

14.03.2017 10:46

Со издавањето на ловиштата под концесија се проценува дека нелегалниот лов на дивечот драстично е намален. На овој бизнис сега се гледа како на високопрофитна стопанска гранка, а македонија станува позната дестинација на светската карта за ловниот туризам.

Дивокозите, дивите свињи, елените, муфлоните и еребиците стануваат препознатливи за македонските ловишта.

Со издавањето на ловиштата под концесија во последните години расте и бројот на дивечот до целосно пополнување на капацитетите.

Според експертите нелегалниот лов е драстично намален поради поголемата совесност и навиките кај ловџиите, високите казни и поголемото присуство на ловочуварските служби формирани од концесионерите.

Во Македонија сите високопланински и ридско планински терени се ловишта за крупен,а рамничарските за ситен дивеч.

Постојат 206 ловишта кои се дадени под концесија, а за 10 поради непочитување на обврските од договорот се води постапка за одземање на стопанисувањето од сегашните концесионери.

 

Методија Трајков