Утре истекува рокот за годишна даночна пријава
14.03.2017 09:08
Пријава поднесува секој кој во 2016-та година остварил приход, покрај плата и пензија, по основ на награди, кирии, авторски права, договор на дело и дивиденди.

Утре истекува рокот за поднесување годишна даночна пријава- обврска која се однесува на пријавувањето на остварените екстра приходи имаат околу 400 илјади граѓани.
Пријава поднесува секој кој во 2016-та година остварил приход, покрај плата и пензија, по основ на награди, кирии, авторски права, договор на дело и дивиденди.
За тие што нема навреме да ја извршат обврската кон УЈП, се предвидени санкции.
