Јавно обвинителство: Постапка против висок службеник од Струмица
Според обвинителството, осомничениот во 2010-та година, во ист ден, со правно лице од градот склучил четири посебни договори вредни над милион денари за асфалтирање улица и не спровел транспарентна постапка преку оглас.

Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поведе истражна постапка против носител на висока функција во општина Струмица. Постои сомнение дека ги злоупотребил службената положба и овластување.
Според обвинителството, осомничениот во 2010-та година, во ист ден, со правно лице од градот склучил четири посебни договори вредни над милион денари за асфалтирање улица и не спровел транспарентна постапка преку оглас.
Обвинителството се сомнева дека осомничениот ги изиграл одредбите од Законот за јавни набавки на штета на буџетот општината, со тоа што спровел четири одвоени постапки и покрај законската забрана за делење на договор за јавна набавка на повеќе посебни договори со пониска вредност.
