Утре последен ден за поднесување годишна даночна пријава

14.03.2017 11:52

За тие што нема навреме да ја извршат обврската кон УЈП се предвидени санкции. Во текот на денешниот и утрешниот ден се очекува уште околу 40 илјади граѓани да ја исполнат својата обврска.

Утре истекува рокот за поднесување годишна даночна пријава. Досега над 360 илјади граѓани пријавиле екстра приходи, информираат од УЈП. Пријава поднесува секој кој во 2016-та година остварил приход, покрај плата и пензија, по основ на награди, кирии, авторски права, договор на дело и дивиденди.

За тие што нема навреме да ја извршат обврската кон УЈП се предвидени санкции. Во текот на денешниот и утрешниот ден се очекува уште околу 40 илјади граѓани да ја исполнат својата обврска.

Според последните податоци, најмногу пријави се доставени во Скопје 144.066, а 1.728 граѓани ја искористиле можноста за достава на пријавата преку е-даночните услуги.

Од УЈП потсетуваат дека даночните канцеларии на управата работат од 8:30 до 18:00 часот, а граѓаните можат да ја достават годишната даночната пријава и преку пошта.