Полуфинале на кошаркарскиот куп
На завршниот турнир од машкиот кошаркарски куп на Македонија почнува вистинското. И покрај фаворитската ролја на бранителот на пехарот, МЗТ Скопје Аеродром, се очекуваат многу понеизвесни пресметки во споредба со минатите два дена.

Во салата крај „Билјанини извори“ во Охрид, Кожув ќе се обиде да му го одземе победничкиот ореол на актуелниот шампион. Тоа ќе биде дуел на македонските претставници на интернационалната сцена, гевгелискиот состав во БИБЛ, МЗТ во Јадранската лига. Скопската екипа е со цел викендов да го направи првиот чекор кон повторување на успесите од претходните две години кога ја освојуваше двојната круна. Кожув, пак се уште нема пехар на ниту еден од двата домашни фронта.
Со голема амбиција во меѓусебниот дуел влегуваат и Куманово и Гевгелија. По триумфот на Работнички, составот на Горан Димитријевиќ сака учество во финалето, а со тоа и шанса за трофеј. Со оглед дека ќе играат на неутрален паркет, оптимистички пристап има и Лирија.
Двете полуфинални пресметки од завршницата во македонскиот кошаркарски куп ќе ги следите на Македонската телевизија. МЗТ Скопје – Кожув од 17 и 30 на Прва, а Куманово и Лирија од 20 и 15 на Собранискиот сервис.