„За заедничка Македонија“ продолжува со протести

14.03.2017 12:35

Организаторите велат, не отстапуваме од барањето за унитарна Македонија преку отфрлање на платформата.

Продолжуваат протестите за унитарност на државата. Од граѓанската иницијатива„За заедничка Македонија“ најавуваат протести во 30-тина градови во земјава.

Организаторите велат, не отстапуваме од барањето за унитарна Македонија преку отфрлање на платформата. Очекуваат поголема масовност.

Отфрлање на платформата побараа и од здружението „Тврдокорни“.