Истекува рокот за регистрирање на новите земјоделци

14.03.2017 12:38

До 15-ти март годинава ќе мора да се запишат во регистарот за земјоделски стопанства ако сакаат да добијат субвенции.

Истекува рокот за регистрирање на земјоделците и новите земјоделски фирми. До 15-ти март годинава ќе мора да се запишат во регистарот за земјоделски стопанства ако сакаат да добијат субвенции.

Според ресорното министерство, ваква обврска имаат и оние што направиле промени во сопственичката структура. Пријавувањето се врши во подрачните единици на министерството каде што живее земјоделецот или каде што се наоѓа седиштето на фирмата.