„Повардарие“ избришана од Регистарот на производители на вино
Како што соопшти Министерството, врз основа на доставените извештаи од винарските визби и од записникот за извршен инспекциски надзор на Државниот инспекторат за земјоделство, утврдено е дека „Повардарие“, до 15-ти февруари годинава ја нема подмирено во целост втората рата за исплата на грозјето од ланската реколта.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја избриша винарската визба „Повардарие“ АД Неготино од Регистарот на производители на вино поради неисполнување на обврските од Законот за вино.
Како што соопшти Министерството, врз основа на доставените извештаи од винарските визби и од записникот за извршен инспекциски надзор на Државниот инспекторат за земјоделство, утврдено е дека „Повардарие“, до 15-ти февруари годинава ја нема подмирено во целост втората рата за исплата на грозјето од ланската реколта.
Според Министерството за земјоделие доколку се исплатат обврските и доколку производителот на вино побара повторно да биде впишан во регистарот на производители, ќе треба да плати казна во висина од 15 отсто од неисплатениот долг и казнена камата кон лозарите за неисплатената рата.
