Коѕиас и Тилерсон разговарале и за Македонија

14.03.2017 12:54

Кога ги објаснив предизвиците за стабилноста во регионот, државниот секретар Тилерсон ја посочи нестабилноста која постои кај нашите северни соседи и заедничките напори таа да се стабилизира. Ова го изјави министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас по средбата со неговиот домаќин во Вашингтон...

Не разговаравме посебно за Скопје, но кога ги објаснив предизвиците за стабилноста во регионот, државниот секретар Тилерсон ја посочи нестабилноста која постои кај нашите северни соседи и заедничките напори таа да се стабилизира. Ова го изјави министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас по средбата со неговиот домаќин во Вашингтон, државниот секретар Рекс Тилерсон.

За време на дводневната работна посета на САД, Коѕиас за првпат ќе се сретне и со советникот за национална безбедност на претседателот Трамп, генерал потполковник Херберт Мекмастер.

Според Коѕиас, Грција има цврсти релации со новата американска администрација за кои, грчкиот шеф на дипломатијата се надева дека и натаму ќе продолжат.