ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да се откаже од платформата од Тирана

14.03.2017 13:02

Доколку СДСМ се откаже од Тиранската платформа и реализацијата на елементите содржани во неа, ќе им дадат поддршка на СДСМ и на Зоран Заев да формираат влада.

Ниту СДСМ, ниту Зоран Заев не излегуваат со одбивање на Тиранската платформа и подготвени се да предводат влада базирана на темели на платформа формирана во странска држава, под диктат на странски премиер, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Остануваат на својата принципиелна понуда. Доколку СДСМ се откаже од Тиранската платформа и реализацијата на елементите содржани во неа, ќе им дадат поддршка на СДСМ и на Зоран Заев да формираат влада.

ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште стои на позицијата дека предвремени парламентарни избори заедно со локалните се решение од кризата, бидејќи граѓаните тогаш ќе може јасно да одлучат дали поддржуваат Тиранска платформа и елементи содржани во неа.

Впрочем, токму изборите се најдобрата дебата за прашања од национален и државен интерес, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.