СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да овозможи мирен трансфер на власта

14.03.2017 13:03

Македонија не смее и нема да дозволиме да биде внесена во безбедносна криза само затоа што Груевски не може да прифати дека околу 700 илјади граѓани, односно 67 пратеници дадоа поддршка за состав на новата влада на претседателот Зоран Заев, стои во дописот.

Ги повикуваме Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, ако се за унитарна, суверена Република Македонија во којашто функционира правдата, јасно да ја поддржат програмата на новата влада и работата на Специјалното јавно обвинителство, да ја прифатат новата реалност дека се опозиција и да овозможат мирен трансфер на власта, соопштија од СДСМ.

Македонија не смее и нема да дозволиме да биде внесена во безбедносна криза само затоа што Груевски не може да прифати дека околу 700 илјади граѓани, односно 67 пратеници дадоа поддршка за состав на новата влада на претседателот Зоран Заев, стои во дописот.

Како што велат од СДСМ, неопходно е Иванов да не се води од криминалните интереси на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, туку од интересите на граѓаните и на државата и веднаш да го даде мандатот за состав на новата реформска влада.