Димевски – кандидат за претседател на ФИБА Европа!

08.02.2014 15:19

Претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Даниел Димевски, ќе се кандидира за прв човек на ФИБА Европа. Пред делегатите на Собранието на МКФ, денеска во Охрид, Димевски ја сподели оваа идеја.

„Тоа е голема чест за мене, затоа сакав ова да кажам денеска пред вас, бидејќи доколку не бевте вие, немаше да ја имам оваа поддршка. Сакам овој дух којшто го имам овде со вас да го пренесам и во европската федерација во којашто сакам да изградам силна организација. Засега во трката за претседателската позиција има најави дека противник ќе ми биде претседателот на федерацијата на Турција, но не е исклучена можноста да се појави и некој трет“, изјави Димевски.