ЕП со загриженост ја следи ситуацијата на Балканот
Да се почека на развојот на состојбата во Македонија и потоа да се гласа за Резолуцијата во Европскиот парламент, побарал Иво Вајгл, известувачот за нашата држава во овој законодавен дом. Претседателот на Европската народна партија, Манфред Вебер оценува: Крајно загрижувачка е состојбата во Босна и Херцеговина, Косово и Македонија. Брисел мора да испрати јасна порака до сите земји на Балканот за нивно догледно приклучување, сметаат европарламентарците.

Во Европскиот парламент, во Стразбур со голема загриженост се следи развојот на ситуацијата во Македонија и на Балканот, тоа го призна и претседателот на најголемата политичка група во Европскиот парамент, германецот Манфред Вебер, по неговата посета на Хрватска.
„Ние забележуваме крајно загрижувачка еволуција, посебно во Босна и херцеговина , но исто така во Македонија и на Косово. Европската Унија треба апсолутно да се погрижи за овој регион, кој е дел од Европа За Народните партии тоа е јасно, нема соменвања, ние според тоа треба да видиме како овие земји ќе најдат перспектива која ќе ги доведе во Европа за да се стабилизра регионот“, изјави Вебер.
Џани Питела, претседателот на групата на социјалистите на наше прашање најпрво објасни дека одложувањето на гласањето на резолуцијата за Македонија е по барање на известувачот.
„Известувачот за Македонија предложи да почекаме со гласањето на извештајот во очекување на развојот на ситуацијата во земјата. Со тоа сакаме да разбереме како ќе еволуираат нештата“, рече Питела.
Италијанскиот европратеник, притоа посебно инсистираше на европската преспектива на Балканот, кој треба да остане приоритет на Евроспката Унија.
„Што се однесува до Балканот сакам да испратам порака на отворање и повторена доверба во позитивните односи меѓу Европската Унија и земјите од Балканот. Ние сакаме да продолжи процедурата на пристапување на земјите од Западен Балкан во Европската Унија. Се разбира ова по 2019-та година. За земјите кои мислат дека ние ги променивме нашите ставови, сакам да кажам дека за нас земјите од Балканот се политички приоритет“, изјави Питела.
Копретседателката на групата на Зелените, Ска Келер, исто така е загрижена за развојот на ситуацијата, но таа инсистира посебно на улогата на грашанското општетство.
„Ние ја следиме еволуцијата на ситуацијата на Балканот со голема загриженост. Балканот се важен дел од Европа, не на Европската Унија. Ги поддржуваме напорите на овие земји за да се приклучат кон ЕУ и се грижиме за нивната судбина. Има работи кои можеме да ги направиме, како на пример да ги одржуваме контактите со граѓанското општеством бидејќи тоа ја гради иднината“, изјави Келер.
Пораката од Стразбур е јасна: одговорните политичари треба да ја преземат одговрноста за да има позитивна еволуција на ситуацијата.
Тони Гламчевски, постојан допиниск од Стразбур за МРТ
