За две години најголем дел од Македонија ќе биде приклучен на гасоводот
Вредноста на проектот изнесува околу 28 милиони евра, должината на гасаоводот е 76 километри магистрала меѓу Скопје и Гостивар, а кракот за Тетово изнесува 10 километри...

За две години најголем дел од Македонија ќе биде приклучен на гасовод, најави директорот на Македонските енергетски ресурси при денешниот увид на градежните работи за изградба на магистралниот гасовод од Скопје до Гостивар, со крак кај Тетово. Ќе биде долг 86 километри, ќе чини 28 милиони евра.
„Изградбата е предвидено да заврши за две години од денес, но, бидејќи теренот е добро припремен очекуваме гасот и побзо да стигне до Полошкиот регион. Вредноста на проектот изнесува околу 28 милиони евра, должината на гасаоводот е 76 километри магистрала меѓу Скопје и Гостивар, а кракот за Тетово изнесува 10 километри. Според нашите пресметки, се очекува овој регион да има потрошувачка помеѓу 80 и 90 метри кубни годишно“, изјави директорот на Македонски енергетски ресурси, Крсте Миладинов.
На увидот присуствуваа премиерот Емил Димитриев, министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
