Средба Заев- Ахмети: Се бараат начини за свикување седница на Собранието

15.03.2017 10:21

Се раговарало, како Собранието да ја продолжи конститутивната седница со избор на собраниските органи и комисии. За формирањето на владата, Ахмети оценил дека тоа треба да се случи по изборот на претседателот на Законодавниот дом.

Вчеравечер се одржа средба на лидерите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, во седиштето на СДСМ. Главна тема на разговорот било изнаоѓањето начини за профункционирање на Законодавниот дом.

Се раговарало, како Собранието да ја продолжи конститутивната седница со избор на собраниските органи и комисии.

За формирањето на владата, Ахмети оценил дека тоа треба да се случи по изборот на претседателот на Законодавниот дом.

Средбата не беше најавена за медиумите.