СЈО треба да го поднесе вториот шестмесечен извештај за својата работа
15.03.2017 10:39
Се очекува работењето на овие обвинители да биде претставено и пред Советот на јавни обвинители, кои треба потоа да дадат оценка за функционирањето на обвинителството.

Специјалното јавно обвинителство треба да го поднесе вториот извештај за неговото работење за периодот септември- февруари.
Се очекува работењето на овие обвинители да биде претставено и пред Советот на јавни обвинители, кои треба потоа да дадат оценка за функционирањето на обвинителството.
Извештајот ќе биде доставен и до Собранието, но нема да биде разгледуван од пратениците, поради актуелната политичка криза.
