Вангеловски: Ќе работам на подобрување на судството
Според новиот претседател на Врховниот суд, не може да се очекува драстично подобрување за неколку месеци, но ќе настојува колку што е можно да се обзбеди подобра состојба во работањето на судството.

Новиот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, се заколна пред Судскиот совет дека функцијата шеф на највисокиот суд ќе ја врши непристрасно, без притисоци, согласно законот. Вели, ќе се работи на подобрување на судството, а се обврза во наредниот извештај за подобри оценки.
„Апсолутно се согласувам дека извештајот содржи сериозни критики за работата на судството, се соглаувам со тоа дека треба да се работи на подобрување на состојбите и се обврзувам во наредниот извештај да добиеме малку поинакви оценки“, нагласи Вангеловски.
Според новиот претседател на Врховниот суд, не може да се очекува драстично подобрување за неколку месеци, но ќе настојува колку што е можно да се обзбеди подобра состојба во работањето на судството.
Вангеловски нагласува дека извештајот на Прибе претставува водилка со која треба да се соочиме и дека на тоа треба итно да се работи.
