УЈП: Прием на годишни даночни пријави до 20 часот

15.03.2017 13:26

Повеќе од 403 илјади даночни пријави за персонален данок се поднесени во Управата за јавни приходи. Како и досега, не изостана метежот пред шалтерите. Се чека последниот момент.

Денеска истекува рокот за поднесување на Годишната даночна пријава за персонален данок на доход за приходите остварени во изминатата 2016 година.

Со цел граѓаните да можат да ја поднесат даночната пријава во законскиот рок, сите даночни канцеларии на УЈП за прием на Годишните даночни пријави денеска ќе работат со продолжено работно време до 20:00 часот, соопштуват од Управата.

Според последните податоци, поднесени се вкупно 403.316 Годишни даночни пријави.

Пријавите можат да се поднесат и преку пошта, преку е-Даноци за регистраираните корисници на електронските даночни услуги, како и во дополнителни шалтери во Скопје, лоцирани на приземјето на Дирекцијата за големи даночни обврзници.