Незадржливиот Крамер за троен холандски триумф
Модерното брзо лизгање во долгите дисциплини има свој херој, непобедливиот Свен Крамер, Холандија пак потврди дека е најуспешната нација во овој спорт. За златниот медал на 5000 метри не можеше и немаше изненадувања, успехот на претставниците на земјата на лалињата е во тоа што ги освоија трите медали.

Олимпискиот и светски шампион Свен Крамер го одбрани златото од Ванкувер, во својата супер богата колекција од 30 медали го придодаде 21-то најсјајно одличје. Иако најави напад на сопствениот светски рекорд, сепак на летачкиот Холанѓанец му беше поважно највисокото место на пиедесталот, па триумфираше со ново најдобро време на Олимпијадите, 6:10:76 што е за три секунди и 84 стотинки подобрзо од резултатот од пред четири години.
Во ситуација кога потфрлија медалистите од Ванкувер, Сеунг – Хун Ли од Јужна Кореја и Иван Скобрев од Русија, шансата максимално ја искористија другите двајца Холанѓани. Јан Блокхујсен првпат во кариерата приграби олимписки медал во поединечна конуренција иако за среброто излизга речиси пет секунди побавно од Крамер. На бронзата и се израдува специјалистот за десет километри и актуелен светски првак во најдолгата дисциплина Јорит Бергсма кој имаше околу шест секунди послаб резултат од олимпискиот славеник.
Тежината на постигнувањето на Холанѓаните е и во тоа што седмипат во историјата на Олимпијадите, трет во машка конкуренција, медалите ги освоиле лизгачи од иста земја. Со овие три и со вкупни 85, Холандија е на првата позиција на листата на олимписките медалисти во брзо лизгање.