„За заедничка Македонија“: Продолжуваат протестите за унитарност на државата
Демонстрантите бараат зачувување на унитарноста на земјата и Зоран Заев да се откаже од платформата на Албанците креирана во Тирана.

И денеска продолжуваат протестите за зачувување на унитарноста на Република Македонија на граѓанската инцијатива „За заедничка Македонија“. Демонстрантите бараат зачувување на унитарноста на земјата и Зоран Заев да се откаже од платформата на Албанците креирана во Тирана.
„Го креваме гласот во името на сите граѓани за Македонија да биде слободна, демократска и независна држава. Веруваме во правниот поредок и ќе се бориме против мешањето на соседните држави и меѓународните претставници во внатрешните работи на државата“. Ова е содржано во Манифестот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кој беше прочитан на вчерашниот собир во Скопје.
Примерок од манифестот беше доставен и во народната канцеларија на претседателот Иванов.
