Петир со писмо до Хан: ЕУ да ја осуди Тиранската платформа

15.03.2017 14:09

Европратеничката Петир смета и дека платформата претставуава јасно кршење на македонскиот Устав и ги загрозува правата на македонскиот народ...

Европратеничката Маријана Петир, која ја предводи групата пријатели на Македонија, испрати писмо до комесарот Јоханес Хан. Бара Брисел да преземе чекори за смирување на состојбата во Македонија.

„Европската унија да ја осуди таканаречената Тиранска платформа, затоа што претставува директно мешање на една земја-кандидат во внатрешните работи на друга земја-кандидат, односно во Република Македонија, и може да стане опасен преседан во меѓународните односи“- укажува Петир во писмото до еврокомесарот Хан.

Таа смета и дека платформата претставуава јасно кршење на македонскиот Устав и ги загрозува правата на македонскиот народ. Според Петир, нови избори се решение за отплеткување на јазолот на македонската политичка сцена.