Борис Џонсон во ненајавена посета на Сомалија
15.03.2017 14:13
Според податоците на ОН, сушата во оваа источноафриканска држава, што веќе е прогласена за национална катастрофа...

Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон денеска пристигна во ненајавена посета на Сомалија. Американските медиуми пишуваат дека Велика Британија повикува на меѓународна помош за Сомалија.
Според податоците на ОН, сушата во оваа источноафриканска држава, што веќе е прогласена за национална катастрофа, му се заканува на приближно половина од шестмилионското население на земјата.
