Бејли: Институциите треба да функционираат, а тоа зависи и од граѓаните

15.03.2017 14:47

Многупати зборувавме како да се заврши кризата. Остануваме и натаму да бидеме пријател и партнер на Македонија, во целиот процес. Но, на крајот на денот, вие граѓаните и лидерите правите да функционираат демократските институции- смета амбасадорот Бејли...

Институциите треба да функционираат, а тоа зависи и од граѓаните, изјави американскиот амбасадор Бејли, кој присуствуваше на завршниот настан на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.

„Многупати зборувавме како да се заврши кризата. Остануваме и натаму да бидеме пријател и партнер на Македонија, во целиот процес. Но, на крајот на денот, вие граѓаните и лидерите правите да функционираат демократските институции. И со тоа не треба да имате поделено општество и институции, сите луѓе треба да се заедно. Не мислам дека одлуката на Иванов  беше вистинска, така ние оценуваме. Мислам дека е важно за демократските институции да функционираат и мислам дека е тоа решението“, изјави американскиот амбасадор во земјава, Џес Бејли.