Потврдена автентичноста на даночната пријава на Трамп

15.03.2017 15:00

Во соопштение за јавноста Белата куќа ги прекори медиумите за „нелегално објавените“ даночни документи.

Белата куќа потврди дека претседателот Доналд Трамп платил 38 милиони долари за даноци во 2005 година. Во соопштение за јавноста Белата куќа ги прекори медиумите за „нелегално објавените“ даночни документи.

Меѓудругото соопшти и дека приходите на претседателот Трамп во 2005 година изнесувале повеќе од 150 милиони долари.

Во соопштението, исто така било наведено дека како претседател на организацијата Трамп, могулот со недвижнини, имал обврска „да не плати повеќе данок од она што е законски пропишано“.