Сочи 2014

Слободно скијање – Могулс (Жени)

08.02.2014 16:18

Хана Керни го брани златото од Ванкувер

Сите очи на Екстерем Паркот Роза Хутор во Сочи вечерва ќе бидат вперени кон американката Хана Керни која ја потврди доминацијата во могулс уште на првите квалификации во четвртокот,  на кои убедливо обезбеди директен пласман во финалињата за медали.

Хана Керни го брани златото од Ванкувер

Сите очи на Екстерем Паркот Роза Хутор во Сочи вечерва ќе бидат вперени кон американката Хана Керни која ја потврди доминацијата во могулс уште на првите квалификации во четвртокот,  на кои убедливо обезбеди директен пласман во финалињата за медали.

Керни е една од најдоминантните скијачки во слободен стил со две светски титули,  и пет во Светскиот Куп. Трипати била најдобра во генералниот пласман за Светскиот Куп а пред четири години го освои  златниот  медал на Олимпијадата во Ванкувер. Нема сомневање дека американката ќе се обиде да стане првата натпреварувачка во слободно скијање која успеала да го одбрани олимпиското злато.

Меѓутоа, Керни ќе се соочи со силни конкурентки во сестрите Џастин и Клое Дафор-Лапоинт од Канада, кои беа второ односно третопласирани на првата квалификациска трка. Џастин има две победи во Светскиот Куп а нејзината постара сестра Клое пред Олимпискиот „брејк“,  триумфираше на последниот могулс натпревар за Светскиот Куп во канадскиот Вал Сент Коум.

Сепак, 19 годишната Џастин е најголемата ривалка на Керни, зашто на почетокот на годината успеа да ја победи фаворитката во Калгари во могулсот за Светскиот Куп.По Џастин и Клое кои се моментно на втората и третата позиција во Светскиот Куп, за висок пласман ќе конкурира и петорангираната, третата сестра Дафор - Лапоинт, Максим, која   има одличен старт во сезоната.

Не смее да се заборави и ветеранката Аико Уемура која е рекорден петти пат на Олимпијадите. Финалните сесии почнуваат во 19 часот.