Последен ден за поднесување даночни пријави

15.03.2017 15:58

Истекува последниот рок за поднесување годишна даночна пријава. Шалтерите на УЈП се отворени до 20 часот. И годинава, како по традиција, голем број граѓани чекаа 5 до 12 за да ја исполнат својата обврска и да ги пријават остварените дополнителни приходи во текот на минатата година.

Истекува рокот- последни часови за поднесување на годишната даночна пријава за приходите остварени во изминатата 2016-та година. Метежи во последните денови, сликате се повторува секоја година. Управата за јавни приходи ќе прима даночни пријави во текот на целиот ден, даночните канцеларии на Управата работат во две смени.

Според последните податоци, поднесени се над 403.000 даночни пријави, од вкупно 420.000.

Пријавите можат да се поднесат и преку пошта, преку е-Даноци за регистрираните корисници на електронските даночни услуги, како и во дополнителни шалтери во Скопје, лоцирани на приземјето на Дирекцијата за големи даночни обврзници

Управата за Јавни приходи во иднина ќе го реализира и проектот со кој се предвидува даночните обврзници да бидат ослободени од даночната обврска за пријавување на данокот. УЈП ќе праќа пополнети формулари на кои ќе се прави корекција доколку е потребно. 

 

Дијана Ценевска