Вангеловски ветува подобри оценки за судството
„Во наредниот извештај на Брисел да добиеме подобри оценки“- новиот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски даде свечена изјава.

Новиот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски се заколна дека функцијата ќе ја врши непристрасно, без притисоци и ќе ги заштитува човековите слободи и права. Вети подобрување на судството и се обврза за подобри оценки во наредниот извештај.
„Не може да се очекува драстично подобрување за неколку месеци, но ќе настојувам колку што е можно да се обзбеди подобра состојба во работањето на судството. Извештајот на Прибе претставува водилка со која треба да се соочиме и на тоа треба итно да се работи“, изјави Вангеловски.
За состојбите во Кривичниот суд, Вангеловски оцени дека постојат нарушени меѓучовечки односи на кои треба да се работи. Во врска со негов објавен прислушуван телефонски разговор одговара:
„Претседателот на Врховниот суд, како претседател ја води таа институција и кога станува збор за комуникација со политичари, тоа подразбира комуникација со луѓе кои исто така раководат со институции, со министри, што е многу вообичаено и не гледам ништо лошо тука, и во иднина ќе постои таквата комуникација“, рече Вангеловски.
Вангеловски најави средба со специјалната обвинителка Катица Јанева и со републичкиот обвинител Марко Зврлевски, како и со претседателот на адвокатската комора.
Вангеловски беше претстедател на Врховиот суд од од 2008-ма до 2012-та година.
Наташа Гркова- Петрушевска
