Се кршат копја околу Законот за нотаријат

15.03.2017 16:44

Нотари и извршители се придружија кон иницијативата на работодавачите за измени на Законот за нотаријат. Сметаат дека со тоа што компаниите се обврзани да ангажираат адвокати во правните постапки се зголемуваат трошоците на работење.

Адвокатите од една, нотарите и работодавачите од друга страна кршат копја околу Законот за нотаријат и извршување. Услугите се поскапени, постапките искомплицирани, незивесни се работните места на правниците во фирмите- ставот и иницијативата на бизнис фелата за законски измени доби подршка од Нотарската комора. Велат нелогично е правници што застапуваат сложени предмети на суд, да не можат да настапуваат во обична постапка за солемнизација.

„Многу е социјалистички кога на некоја професија ќе и дадете со закон работа, за да ја спасиме професијата, со вакви предлози, со сила да ангажирате адвокат и онаму каде што не треба. Срамота е да не им се дозволува да направат предлог за извршување или некој договор за купопродажба, а имаат толку години искуство“, посочува Ангел Димитров, Организација на работодавачи.

Извршителите оценуваат - законите се добри. Нотарите велат, иако доследно ги применуваат, на површина излегле недоследностите, компаниите имаат проблем, услугите се поскапени, постапките се одоговлекуваат.

„Нотарите го применуваат и почитуваат Законот, а доколку постојат случаи како што беше речено од првиот човек на Нотарската комора, тогаш тоа треба да се сузбие, со постоењето на нотарите се олесни правниот систем, а се покажа во последните два месеци со новиот закон се ископлицираа работите“, вели Олга Димовска, нотар.

„За нас извршителите Законот за нотаријат и извршување е добар, и одредбите се добро поставени“, изјави Ангелка Ефковска, извршител.

Адвокатската комора ги обвини нотарите дека продолжуваат да го опструираат работењето на адвокатите, нудејќи и пакети со готови договори и печати за минорни суми. Претседателот на комората, Додевски ги отфрли тврдењата дека адвокатската награда или дејност го отежнува работењето на стопанските субјекти со став дека можат да ги извршуваат своите активности и зависно од економската способност да договараа кога и како ќе им плаќаат.

 

Сузана Фиданска- Стоевска