Јавна седница на Апелација за притворот на првоосомничениот во „Труст“

15.03.2017 17:03

Бранителот Додевски рече дека притворот на Кочан е напад врз слободата на говорот, а СЈО доставило докази со што ги негирало своите тези.

Специјалното јавно обвинителство и одбраната на Сеад Кочан ги соочија аргументите за и против решението за притвор на јавна седница во Апелација. Бранителот Додевски рече дека притворот на Кочан е напад врз слободата на говорот, а СЈО доставило докази со што ги негирало своите тези.

Апсурдно е, вели, тврдењето на СЈО дека Кочан би влијаел на вештаците. Одбраната достави докази до судиите за кој тврдат дека Кривичниот суд не ги ценел при донесувањето на одлуката.

Обвинителот Бубевски од СЈО рече дека уште во првиот случај обвинителството стравувало дека ќе има обид за бегство и дека се сомневаат во документацијата.

Одбраната побара Советот да ја прифати жалбата и да го укине решението за притвор. Се чека одлуката на Апелација- дали ќе се потврди или ќе се отфрли притворот за Кочан.