Партијата на холандскиот премиер Руте победи на изборите

16.03.2017 08:18

При преброени околу 75 отсто од гласовите неговата Либералната партија (ВВД) се очекува да има 32 места во Холандскиот парламент, што брои 150 места.

Веројатно нашата партија по трет пат ќе биде најголемата во Холандија, изјави холандскиот премиер Марк Руте пред своите поддржувачи, кои се собраа во Хаг со цел да ја прослават неговата победа. Ова е вечер, во која Холандија - по Брегзитот и по американските избори, кажа „стоп“ на погрешниот популизам, истакна Руте.

При преброени околу 75 отсто од гласовите неговата Либералната партија (ВВД) се очекува да има 32 места во Холандскиот парламент, што брои 150 места.

Тоа е за девет места помалку од претходниот мандат, но и покрај тоа се смета за многу добар резултат во екот на прелиминарните прогнози, што покажуваа еднаквост меѓу партијата на Руте и Партијата на слободата (ПВВ) на екстремниот десничар Герт Вилдерс.

Според досега преброените гласови ПВВ ќе има 19 места, колку и Демохристијанската партија (ЦДА).

Сега треба да составиме стабилна Влада и да ја водиме земјата напред, нагласи Руте.

Составувањето на владејачката коалиција, сепак, ќе биде тешко, бидејќи Парламентот е силно поделен и за таа цел се потребни четири партии.