Грција е во рецесиска спирала
16.03.2017 10:15
Експертите тврдат дека само суштински промени може да ја спасат најзадолжената земја-членка на ЕУ.

Во најновиот извештај на Бирото за буџет на грчкиот Парламент се наведува дека е потребно итно преструктуирање на долгот и натамошно спроведување на реформите за да се спречи банкрот.
Експертите тврдат дека само суштински промени може да ја спасат најзадолжената земја-членка на ЕУ.
Според нив, новите кредити водат кон безизлез и за Грција и за нејзините кредитори.
