Шестмина загинаа во снежното невреме во Канада

16.03.2017 11:35

Поради верижните судири, неколку автопати беа затворени и над 300 возила беа блокирани речиси 12 часа во близина на аеродромот во Монтреал.

Шестмина загинаа во снежното невреме во источна Канада. Во Монтреал е измерена снежна покривка од 45 сантиметри, а во јужен Квебек дури и до 70. Бурата е проследена со ветар од 140 км/ч.

Поради верижните судири, неколку автопати беа затворени и над 300 возила беа блокирани речиси 12 часа во близина на аеродромот во Монтреал.

Илјадници летови се откажани, а училиштата затворени. Без електрична енергија остнале 70.000 домаќинства.