Нови полицајци
Полицијата се подмлади со 318 полициски службеници
04.11.2013 11:46
Со 318 нови полицајци се подмлади македонската полиција
Со добивањето на полициската значка се заколнаа дека ќе ги почитуваат основните слободи и права на граѓаните и уредно ќе ја извршуваат полициската работа.. Подготвени се за предизвиците.
Андријана Костадиновиќ - полицаец
Добивме супер одлични компетенции , се чувствиваме подготвени за да одговориме на полициската работа.
Александар Стрезовски – полицаец
(Беа имплементирани најдобрите Европски практики и искуства , стекнавме доволно компетенција да се справиме со проблематиката на теренот.
По најсовремени стандарди ја завршија обуката во три сегменти, јавен ред и мир , сообраќајна полиција и обезбедување на државната граница.
Гоце Бачанов – началник на Центарот за обука Идризово
Во центарот за обука , како и на теренот и на работното место,ги проверувавте, оценувавте вашите достигнувања во процесот на совладувањето на вештините , кои беа неопходни ,согласно програмата.)
Со овој чин ги наследивте сите успеси и признанија на македонската полиција ,сеќавањата на колегите кои ги жртвуваа животите - Добредојде во полициското семејство им посака министерката Јанкулоска. Им порача дека интересите на граѓаните мора да им бидат пред се, а хуманоста и профдесионалноста , главни карактеристики.
Гордана Јанкулоска – министер за внатрешни работи
Потпишувањето на заклетвата не значи крај , туку почеток на обврските. Секој ден, секој час, во секоја улица и во секој град во Република Македонија , Вие ќе ја спроведувате оваа заклетва и ќе бидете пример за останатите граѓани.)
На овие млади полицајци државата им ја даде довербата и инвестираше во нив , тие сега треба да ја оправдаат .
Професионализмот не познава граници . Вработувањето на овбие млади полицајци е само почеток на надоградувањето кое ќе трае во текот на целата нивна кариера.
