ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ со поддршка од 27,1, СДСМ 21,8 отсто од испитаниците
Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ на изборите во декември минатата година според ИПИС бил 25,5 отсто, додека сега е 27,1 отсто. СДСМ за предвремените парламентарни избори имале рејтинг од 24,4 проценти, а сега изнесува 21,8 проценти, додека кај албанските партиите се забележува пад на рејтингот.
ВМРО-ДПМНЕ ужива поголема доверба од СДСМ кај граѓаните, покажуваат податоците од најновата анкета спроведена од Институтот за политички истражувања (ИПИС).
Доколку следната недела се одржат нови парламентарни избори, најголема поддршка од 27,1 насто ќе добие ВМРО-ДПМНЕ, додека за СДСМ би гласале 21,8 проценти. За ДУИ би гласале 4,6, за БЕСА 2,1, за Алијансата на албанците 1,1, а за ДПА 0,9 насто од испитаниците.
Анкетата покажува дека за ВМРО-ДПМНЕ својот глас би го дале 34,3 насто од етничките Македонци, додека за СДСМ 24,3. Етничките Албанци најголема доверба имаат во ДУИ од 21,4, додека 13 насто гласот би го дале за СДСМ. ДПА, БЕСА и Алијанса за албанците според анкетата кај испитаниците имаат доверба под 10 проценти.
Според ИПИС, рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ на изборите во декември бил 25,5 насто, додека сега е 27,1. СДСМ за предвремените парламентарни избори имале рејтинг од 24,4, а сега изнесува 21,8 проценти.
Анкетата на Институтот за политички истражувања е спроведена во периодот меѓу 10-ти и 13-ти месецов на 1.100 полнолетни испитаници во целата држава.
