Откупени над 25 милиони килограми тутун по просечна цена од 196.82 денари

16.03.2017 11:59

Реколтата 2016 година тежеше точно 25.152.000 килограми и е со вредност од 4.950.440.160,45 денари. Просечна цена изнесуваше 196,82 денари.

Девет компании откупиле околу 25 милиони килограми тутун по просечна цена од 196,82 денари од реколтата за 2016-та година. Согласно Законот за тутун, исплатени се 98 проценти.

Реколтата 2016 година тежеше точно 25.152.000  килограми и е со вредност од 4.950.440.160,45 денари. Просечна цена изнесуваше 196,82 денари. Исплатени се 98 проценти, односно 4.873.724.751,49 денари, информираше денеска директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Цветан Трипуновски.

Во текот на откупот немало проблеми во целиот процес, рекоа од Државниот инспекторат за земјоделство. Вчера беше последниот рок за откуп на тутунот.