Димитриев на средба на премиерите од Западен Балкан
Еврокомеарот за проширување Јоханес Хан, потенцира дека вакви случувања и во иднина треба да се одржуваат во регионот за да се подготви да биде член во Европската унија.

Во Сараево во тек е состанокот на премиерите од земјите на Западен Балкан на кој присустува и претседателот на Владата на Република Македонија Емил Димитриев. Домаќинот на средбата, претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, во своето обраќање на отворањето на Самитот порача дека сите земји од Западен Балкан ги исполнуваат своите барања од европската агенда и додаде дека за Босна и Херцеговина мината 2016 година била најуспешна на тоа поле.
Еврокомеарот за проширување Јоханес Хан, потенцира дека вакви случувања и во иднина треба да се одржуваат во регионот за да се подготви да биде член во Европската унија.
На средбата во сараево покрај Димитриев и Звиздиќ, учествуваат и премиерите на Србија, Црна Гора, Албанија и Косово. Се очекува главна тема на разговор да биде енергетиката.
