Иванов се обрати на претседателската сесија на Глобалниот форум во Баку

16.03.2017 12:57

На форумот учествуваат над 100 актуелни и поранешни политичари, дипломати, универзитетски професори. Теми на дискусија се: иднината на Европа, улогата на Кина во меѓународните односи, односите меѓу Русија и Западот...

Иванов се обрати на претседателската сесија на Глобалниот форумот во Баку, Азербејџан, на тема „Иднината на меѓународните односи: Моќ и интереси“. За време на работната посета, предвидено е претседателот Иванов да оствари билатерална средба со претседателот на Азербејџан, Илхан Алијев.

На форумот учествуваат над 100 актуелни и поранешни политичари, дипломати, универзитетски професори.  Теми на дискусија се: иднината на Европа, улогата на Кина во меѓународните односи, односите меѓу Русија и Западот, предизвиците во справување со модерниот тероризам, иднината на трансатлантските односи, алијансата меѓу западот и муслиманските држави.

Петтиот Глобален форум во Баку е во организација на меѓународниот центар „Низами Ганџави“.