Продолжуваат протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“
Вчеравечер протести се одржаа во 31 македонски град. Демонстрантите побараа отфрлање на платформата од Тирана.

И денеска продолжуваат протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ за зачувување на унитарноста на Македонија.
Вчеравечер протести се одржаа во 31 македонски град. Демонстрантите побараа отфрлање на платформата од Тирана. Велат- не дозволуваат да бидат уценети со туѓи платформи, ниту ќе дозволат на мала врата да биде протуркано нешто кое не било гласано на изборите. Побараа попис и нови избори. Заедно со камионџии и земјоделци, во главниот град тргнаа од пред Владата до македонскиот Законодавен дом.
Организаторите велат дека се зголемува поддршката за протестите, на кои според нивните проценки, веќе има над 150 илјади учесници.
