Сигурност во снабдувањето со стоки и енергенси
Како резултат на честите блокади кои условија застои и нефункционалност во превозот на стоки во патниот и во железничкиот сообраќај кон Република Грција, неопходно е наоѓање соодветни решенија...

Компании од енергетскиот, транспортниот, металниот и металуршкиот сектор и надлежните државни институции на тркалезна маса во Стопанската комора ги анализираат можностите и алтернативите за сигурност во снабдувањето со стоки и нафтени деривати.
Како резултат на честите блокади кои условија застои и нефункционалност во превозот на стоки во патниот и во железничкиот сообраќај кон Република Грција, неопходно е наоѓање соодветни решенија за надминување на ваквите состојби и разгледување опции за сигурност во снабдувањето со стоки и нафтени деривати, укажува Комората.
