Жбогар: Вратите на ЕУ се отворени, потребна е Влада

16.03.2017 15:20

Самуел Жбогар ја пренесе пораката дека во Унијата има загриженост за политичката криза во Македонија...

„Сѐ уште има делови од пржинскиот договор што треба да се спроведат, меѓу кои е имплементацијата на итните реформи“- изјави европскиот амбасадор во земјава.

„Многу време е потрошено досега и крајно време е да се придвижиме напред. Затоа, потребна е влада која ќе се ангажира на имплементција на реформските приоритети. Потребна е една влада која ќе се ангажира за дијалог во општеството, за дијалог меѓу политичките лидери. Дијалогот е единствениот начин да се оди напред. Вратите на ЕУ за вас се секогаш отворени. Ние како ЕУ чекаме вие да ја направите вашата работа, за да можеме ние да ги почнеме разговорите со вас“, изјави евроамбасадорот Жбогар.

Самуел Жбогар ја пренесе пораката дека во Унијата има загриженост за политичката криза во Македонија, советува оти е време земјава да се придвижи напред на евроинтегративниот пат.