На Онкологија отворена најсовремена лабораторија за хемотерапија

16.03.2017 16:02

Директорот на онкологија, Ристевски информираше дека овој систем овозможил за прв пат во Македонија девет пациенти да добијат нов лек.

Подобар третман за пациентите болни од рак. На Клиниката за онкологија е поставена најсовремена лабораторија која служи за подготовка на хемотерапија. Во еден час може да произведе 120, а во просек 200 до 250 подготовки на ден.

Директорот на онкологија, Ристевски информираше дека овој систем овозможил за прв пат во Македонија девет пациенти да добијат нов лек.

Лабораторијата  е прва од ваков вид во земјава и за таа цел лекарите ќе одат на доедукација во Париз. Инвестицијата чини околу 350.000 евра.

Покрај на Клиниката за онкологија, оваа апаратура може да ги задоволи и потребите и на Клиниката за хематологија, офталмологија, детска онкологија и кардиохирургија .

Викторија Милевска