Протест пред Апелација: Се бара укинување на мерката притвор за Кочан
Новинари и граѓани, претставници на Бошњачката заедница, се собраа пред Апелација за да изразат поддршка за ТВ Нова. Бараат укинување на мерката притвор одредена за сопственикот на телевизијата Сеад Кочан.

„Неоснованото постапување од Специјалното јавно обвинителство, телевизија Нова го смета како директен атак врз медиумот“- став на уредничката, Билјана Василева- Трендафилова. Пред Апелацискиот суд дојдоа вработени во телевизијата Нова, фирмата Трансмет и претставници на новинарски здруженија и на Бошњачката заедница во земјава. Побараа укинување на мерката притвор што за Сеад Кочан ја одреди Кривичниот суд.
Од Здружението за културно обединување на Бошњаците во Македонија, велат дека одлуката за притвор на сопственикот на ТВ Нова е селективна правда и барање од СДСМ со цел да се нанесе удар на еден од највидните членови на заедницата.
Според, Цветин Чилиманов од Македонската асоцијација на новинари, симптоматично што Специјалното јавно обвинителство се интересира и бара притвор за луѓе кои се поврзани со медиумскиот простор во државава.
Вработените во телевизијата Нова порачаа дека и покрај притисокот, медиумот ќе продолжи да известува за сите слулувања во земјата и во светот.
Ана Јосифоска- Тодоровска
