СДСМ со иницијатива за продолжување на конститутивната седница

16.03.2017 17:12

Од Законодавниот дом брифираат дека со оглед на тоа што станува збор за конститутивна седница, за нејзино свикување потребно е да се достават потписите на 61 пратеник.

Социјал- демократскиот сојуз со иницијатива до Собранието за продолжување на конститутивната седница. На продолжението треба да се изберат членовите на Комисијата за избори и именување од каде ќе произлезе предлогот за нов претседател на македонскиот Парламент.

Од Законодавниот дом брифираат дека со оглед на тоа што станува збор за конститутивна седница, за нејзино свикување потребно е да се достават потписите на 61 пратеник.

Според деловникот за работа на Собранието, седница свикува првиот парламентарец, а може да побара премиерот или најмалку 20 пратеници.

Во ВМРО-ДПМНЕ единствено велат дека тие ќе постапуваат во рамките на Уставот и законите.