Силно снежно невреме во Јапонија
Покренато обвинение за тероризам против украинецот кој се обиде да киднапира авион и да го пренасочи кон Сочи. Турската полиција се обидува да утврди дали киднаперот Артем Хозлов е поврзан со терористичка организација. Осомничениот наводно имал бомба со себе и барал да се пренасочи авионот кон Сочи, но екипажот успеал да го измами, принудно слетале во Истанбул, каде што беше совладан од турската полиција..

Шпанската принцеза Кристина е сослушана во судот во Мадрид поради корупцискиот скандал во кој беше вмешан нејзиниот сопруг Инаки Урдангарин. Тој е осомничен за измама и перење пари со непрофитната организација НОС, каде што е претседател, а принцезата е член на Управниот одбор. Според обвинението, Урдангарин злоупотребил 5,6 милиони евра јавни средства, а принцезата не само што знаела за незаконското работење на сопругот, туку и ги трошела парите. Ова е првпат во историјата на Шпанија, восок член на кралското семејство да биде изведен пред суд за криминална истрага.
Најмалку 2 лица загинаа, а 10-тина се повредени откако воз излета од шините во близина на Сант Беноа на француските Алпи. Се претпоставува дека причина за несреќата е одрон на пругата.
Три лица загинаа, а над 500 се повредени во инциденти предизвикани од силното снежното невреме во Јапонија. Поради обилните снежни врнежи откажани се над 300 летови од аеродромот во Токио. Запрен е и железничкиот сообраќај откако метеоролошката служба издаде предупредување од снежна бура. Снежната покривка достигнува и до 50 сантиметри, а јапонските метеоролози најавуваат дека врнежите ќе продолжат и утре. Ги повикаа граѓаните да не ги напуштаат домовите доколку немаат итна потреба..
Mаја Стојанова