Лукашевич: Да се запре странското мешање во внатрешните работи на Македонија
Рускиот амбасадор во ОБСЕ, Александар Лукашевич побара да запре мешањето во внатрешните работи на Македонија...

Да се запре странското мешање во внатрешните работи на Македонија, повика рускиот амбасадор во ОБСЕ, Александар Лукашевич.
Правата на македонските граѓани да се почитуваат и затоа ги повикуваме сите политички сили во земјата и надворешните посредници од Европската унија и САД да го следат патот на дијалог за решавање на состојбата во Македонија, изјави Лукашевич.
Стабилноста и општествената хармонија мора да продолжи, изјавил Лукашевич на заседавањето на ОБСЕ во австриската престолнина. Албанското малцинство не треба да се користи од некои сили, подвлекол рускиот амбасадор, наметнувајќи платфоми кои го поткопуваат уставното уредување на македонија.
