Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ продолжува со протести

17.03.2017 10:37

Протестни маршови вчера се одржаа во 30-ина градови. Граѓаните ќе протестираат сѐ додека целосно не им се усвојат барањата- велат организаторите од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Продолжуваат протестите за зачувување на унитарноста на Македонија. Поддршка дадоа и од ловните друштва во земјата.

Протестни маршови вчера се одржаа во 30-ина градови. Граѓаните ќе протестираат сѐ додека целосно не им се усвојат барањата- велат организаторите од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Од граѓанската иницијатива велат дека нема да дозволат да бидат уценети со документи потпишани во туѓи држави,  не сакаат двојазичност, ниту федерализација на државата.